Специјалистичката поликлиника Еуроиталија прерасна во општа болница, чие отворање ќе се одржи попладне во близина на скопската општина Петровец.
Од болницата информираат дека располагаат со најсовремена медицинска опрема и медицински кадар, кој 24 часа е во функција на пациентот.
– Наша секојдневна обврска е најпрофесионална, најефикасна и најсовесна грижа за пациентите. Нашето мото е „За вашето здравје, ние се грижиме на европски начин, наведуваат од болницата.