Економија 05. ноември 2020. / 11:15

Дамјан Манчевски стана генерален менаџер на компанија за Скопје и Белград

Дамјан Манчевски стана генерален менаџер на компанија за Скопје и Белград

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, кој неодамна најави повлекување од политиката, информира дека е назначен за генерален менаџер на двете компании на „Мак-Систем“ (MAK-SYSTEM) во Скопје и во Белград.

Ми претставува чест што сум дел од менаџментот на „Мак-Систем“. Нашите производи, развиени од нашата македонска компанија во изминатите три децении, станаа светски стандард и водечка солуција и можат да се најдат во банките за крв и болниците насекаде низ светот. Формирана во 1984 година, денес со седиште во Лондон, „Мак-Систем“ е водечки светски провајдер на медицински софтвер за менаџмент на крв, плазма, ткива и клетки. „Мак-Систем“ е пионер во оваа област, кој произведува врвен софтвер за контрола на ланецот за менаџмент на крвни продукти, од донација до трансфузија. Компаниите на „Мак-Систем“ се лоцирани во Лондон, Париз, Мадрид, Брисел, Чикаго, Франкфурт, Скопје и Белград. На 20 февруари 2020 година, Carlyle Group (www.carlyle.com) значително инвестираше во „Мак-Систем“ и ја превзема контролата на компанијата – објави Манчевски на Фејсбук.

 

Би сакал да Ве информирам дека сум назначен за генерален менаџер на двете компании на MAK-SYSTEM (www.mak-system.com) во…

Posted by Damjan Manchevski on Wednesday, November 4, 2020