Плаќање едноставно само со минување покрај касата во продавницата или со апликација на мобилниот телефон, без каков било контакт со касата или со продавачот. Новите начини на плаќање доаѓаат сѐ побрзо, но не сите можат или сакаат да плаќаат на тој начин. Анкета на Бундесбанката покажува дека речиси сите Германци стравуваат оти постарите лица веќе нема да можат да се снајдат во свет без готовинско плаќање.
„Потрошувачите мора и во иднина да имаат можност да избираат дали ќе полаќаат со нови технологии или во готово“, бара финансискиот експерт Франк-Кристијан Паули од Централата на потрошувачи.
Паули предупредува на опасноста од развој како во Шведска. Во главниот град Стоколм неретко на рестораните и продавниците може да се видат табли со натписи „Нема плаќање во готовина“. Во земјата која не е дел од еврозоната трговците на мало и фирмите смеат да не примаат готовина.
Овој тренд се очекува се повеќе да го зафаќа и Балканот и секако и Македонија.