За седум месеци реализирани се 37 % капитални инвестиции. Односно, во периодот од јануари до јули, од планираните 318 милиони евра, за капитални проекти до сега потрошени се само 118 милиони евра.
Извештајот на Министерството за финансии покажува дека реализацијата на капиталните инвестиции значајно се зголеми во текот на месец јули, кога се искористија околу 46 милиони евра, односно околу третина од вкупно потрошените пари до сега.