Економија

Чифлиганец и Етеми именувани за членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка

Чифлиганец и Етеми именувани за членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка

На денешното одржано Собрание на Комерцијална банка АД Скопје беа именувани за членови на Надзорен одбор Проф. Д-р Ванчо Чифлиганец и бизнисменот Фатмир Етеми. И двајцата доаѓаат од градежниот сектор како лидери во таа област.

На членовите на Надзорниот одбор им припаѓа надомест за учество и работа на седниците во висина од 21.000 денари.

Пријавата за упис на именуваните членови на Надзорниот одбор во Трговскиот регистар, ја поднесува Главниот извршен директор на Банката, Хари Костов.

Оваа одлука ќе стапи на сила по добивањето согласност од Гувернерот на Народната банка на РМ.