Како и другите туристички центри во Македонија, Преспа периодов е полна со туристи, но за разлика од Охрид, цените во преспанскиот регион се далеку пониски и поприфатливи за туристите.
Еспресо може да испиете за 40, а макијато за 50 денари. Кока Кола е 60, а пиво 70 денари. Хамбургер се продава од 90 до 100 денари, додека, пак, пиците се околу 200 денари.
Ноќевање за едно лице се движи од 600 до 1.000 денари, што е повисока цена за разлика од минатите години во овој период.
Кога сте на плажа, две лежалки и чадор може да се земат за околу 150 денари.