Економија 05. јуни 2018. / 13:40

Цената на нафтата на светските берзи почна да паѓа

Цената на нафтата на светските берзи почна да паѓа

Цените на нафтата паднаа на меѓународните пазари под притисокот од рекордното американско производство и најавите дека организацијата на земјите извозници на нафта би можела да го зголеми снабдувањето со нафта.

На лондонскиот пазар цената за барел падна за 1,1 долар и изнесува 75,69 долари. Во Њујорк еден барел се тргува по 40 центи пониска цена од 65,41 долари.

Бариера на пазарите создава минатонеделниот податок на американската влада за пораст на американското производство во март на 10,47 милиони барели дневно, што е најголема количина во еден месец откако во Вашингтон почнале да ги следат тие податоци.