Економија 18. октомври 2018. / 22:10

Цената на нафтата денес почна да паѓа

Цената на нафтата денес почна да паѓа

Цените на нафтата денеска паднаа на најниско ниво за период од месец дена.

За 1,6% паднаа цените на фјучерсите на нафтата во Њујорк, и тоа е најниско ниво од 18 септември.

Американската лесна нафта WTI падна за 98 центи, на 68,77 долари за барел.

Нафтата “brent” падна за 1.26% на 78,79 долари за барел на лондонската берза.

За 6,49 милиони барели минатата недела се зголемија залихите на нафта во САД.