Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на ставовите на дел од компаниите кои во јавноста истакнаа дека ќе им биде тешко да дадат минимална плата од 14.500 денари, одговори дека Владата со конкретни чекори ќе помогне. Таа ја посочи мерката за субвенционирањето на растот на платите како начин за достигнување на новиот износи на минималната плата.
-Секогаш ќе има компании кои ќе реагираат особено што се уште не го сетиле добробитот од субвенционирање на растот на платите до 100 евра зошто тоа навистина ќе ги подкрепи команиите кои сметаат дека нема да можат да издржат. Нашите проценки се дека големите и стабилните компании ова ќе го издржат. Социјалниот дијалог траеше повеќе од шест месеци, заедно со стопански комори, заедно со работодавачите. Токму текстилниот кластер беше иницијатиор за мерката субвенционирање на раст на плати. Владата ќе го подрржи зголемувањето на платите до 100 евра, тие ќе ја искористат таа субвенција и секако нема да падне целиот товар на нив, туку со посебн закон ги поддржуваме оние кои ќе не можат да го издржат ефектот од минималнмата плата и ја покачуваме минималната плата, рече Царовска.
Таа потенцираше дека за растечка економија потребно е компаниите да дадат свој удел.
-Како Влада се грижиме преку договор со сите социјални партнери да ги покачуваме платите во државата, самите стопански комори изјавија дека минималната плата и со 14 илјади денари 500 денарие прениска и треба да се потрудиме да имаме помотивирани работници да и продуктивност и да имаме побрзо растечка економија како држава. Мислам дека правиме се преку дијалог да се постигнат заедничките цели и тоа се покажа дека го правиме, рече Царовска.