Економија 11. ноември 2020. / 20:38

Буџетот за 2021 година ќе изнесува 4,03 милијарди евра

Буџетот за 2021 година ќе изнесува 4,03 милијарди евра

Буџетот за идната 2021 година е проектиран на нешто повеќе од 4 милијарди евра и ќе биде во поддршка на здравствениот сектор, а оптимистички се најавува и економска стабилност и раст.

Планираниот дефицит, односно расходите ќе бидат поголеми за 4,9 проценти од приходите. Се планира бруто домашниот производ да порасне на 4,9 проценти, економски раст од 4,1 проценти, а воедно Владата планира да продолжи со капиталните инвестиции кои се за 20 проценти поголеми од оваа година.

Премиерот Заев ги претстави приоритетите на буџетската политика за идната година.

-Поддршка на здравствениот сектор како прв приоритет што значи заштита на здравјето и животите на луѓето кој што е пресликан во предлог Буџетот за 2021 година. Втора цел е економско заздравување и економски раст преку мерки за социјално ранливи категории, поддршка на економијата и зачувување на работните места, рече Заев.

Намалување и реструктуирање на буџетските расходи во следната година ќе се спроведе преку кратење на несуштинските трошоци, поддршка на приватниот сектори иновациите јакнење на конкурентноста. Министерот за финансии Фатмир Бесими најави и рационализација и ревидирање на трансферите и субвенциите а најави и продажба на државни удели и државно земјиште.

-Ќе се приватизира дел од државниот капитал тука пред се се мисли на акции во компании каде што има свои акции државата, потоа приватизација на претпријатија кои остваруваат загуби, приватизација на дел од земјиштето во државна сопственост, тука се мисли пред се на земјоделско земјиште, рече Бесими.