Економија 10. ноември 2019. / 19:42

Буџетот за 2020 година ќе изнесува 4,46 милијарди евра

Буџетот за 2020 година ќе изнесува 4,46 милијарди евра

Буџетот за следната 2020 година ќе тежи 4,46 милијарди евра, ако се има во предвид предлогот разгледуван на владината седница во вторникот, објави Телма.

Сепак, се уште е неизвесно дали буџетот ќе остане проектиран на оваа сума или ќе претрпи измени.

Она што е сигурно, како што изјави министерката за финансии Нина Ангеловска, буџетскиот дефицит ќе изнесува 2,3 отсто од БДП.