Економија 30. април 2018. / 16:19

Борба за гувернерското место: ДУИ контра претседателот Иванов

Борба за гувернерското место: ДУИ контра претседателот Иванов

ДУИ, спроти предлогот на претседателот Ѓорѓе Иванов, смета дека Фатмир Бесими треба да биде нов гувернер на Народната банка на РМ.

Предлогот на Иванов гласи дека на постоечкиот гувернер Димитар Богов треба да му биде продолжен уште еден мандат.

– Во моментов сметаме дека подобро решение од Фатмир Бесими не постои во Македонија – велат од ДУИ.

Фатмир Бесими беше поранешен министер за економија.