Економија 20. јануари 2021. / 14:11

Бочварски – Силвестри: Капиталните проекти се важни за економскиот развој

Бочварски – Силвестри: Капиталните проекти се важни за економскиот развој

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средба со aмбасадорот на Италија во Македонија, Н.Е Андреа Силвестри.

На средбата, министерот Бочварски информираше за инфраструктурните проекти што се реализираат во Македонија во делот на патната и железничката инфраструктура, како и проектот за гасификација на земјата.

„На средбата, го запознав амбасадорот со крупните капитални проекти што ги реализираме во нашата држава. Разговаравме за сите проекти, посебно за проектите што планираме да ги реализираме во наредниот период а кои се значајни за регионалното поврзување на земјата. Ова беше одлична можност да разговараме и за зголемување на економската соработка“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

На средбата министерот и амбасадорот разменија мислења и искуства на двете земји во однос на справување со предизвиците од Ковид кризата.

На крајот, министерот изрази благодарност за досегашната соработка и ја потенцира потребата од зголемување на економската соработка меѓу двете земји.