Економија 31. јули 2018. / 17:11

БМВ инвестра една милијарда евра во Унгарија

БМВ инвестра една милијарда евра во Унгарија

Германскиот производител на автомобили БМВ соопшти дека ќе гради фабрика во источна Унгарија, во која ќе се произведуваат до 150.000 конвенционални и електрични возила годишно.

Компанијата соопшти денеска дека изградбата на таква фабрика во близина на градот Дебрецен ќе чини околу милијарда евра, а со тоа ќе се обезбедатр повеќе од илјада работни места.

БМВ соопшти дека од вкупната продажба, речиси 45 отсто возила се продадени во Европа во 2017 година, односно 1,1 милиони возила.