Економија 03. јануари 2020. / 21:00

Бизнисмените го поздравија зголемувањето на прагот за плаќање во кеш

Бизнисмените го поздравија зголемувањето на прагот за плаќање во кеш

Стопанска Комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) изрази задоволство што Собранието го усвои нејзиниот предлог, со кој се бараше плаќањето на готовина за стоки и услуги во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршена преку банка, наместо 500 евра да се ограничи на 3.000 евра.

– Собранието на Република С. Македонија ја разбраа сериозноста на предлогот и го зедоа во предвид барањето на СКСЗМ, со што предлагаа измена на член 182 и го подигнаа нивото на плаќање на готовина од 500 на 3.000 евра, што значително ќе се одрази на економијата на земјата а особено на отстранувањето на горенаведената пречка за потрошувачите, соопшти СКСЗМ.

Комората додава дека нивниот предлог е во согласност со легислативата на ЕУ и со Директивата 2015/849 за спречување на употребата на финансискиот систем за перење пари и финансирање тероризам.

Според Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, член 182, се ограничува плаќањето со готовина на износ од 500 евра на 3.000 евра за стоки и услуги во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.