Криптовалутите продолжија да се зајакнуваат при што биткоинот, првпат од јуни, го проби лимитот од 7 500 долари, според агенцијата „Блумберг“ од Њујорк.
Најпопуларната дигитална валута се зголеми на почетокот од тргувањето за 3,1 отсто на 7 543 долари, за малку подоцна тој раст да се намали на 0,8 проценти во Лондон, според њујоршката агенција.И покрај последното зајакнување, вредноста на биткоинот сè уште е 60 отсто пониска од историскиот рекорд забележан во декември минатата година.