Економија 18. април 2018. / 22:23

Бил Гејтс предвидува нова светска економска криза

Бил Гејтс предвидува нова светска економска криза

Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, вели дека светот треба да се подготви за уште една криза како онаа во 2008 година.

Тој вели дека не може да процени кога следната криза ќе се случи, но дека со сигурност е пред нас.

Неговото тврдење дека кризата ќе се повтори е навистина загрижувачко.

„За среќа, веќе покажавме дека можеме да се избориме со една таква криза пред 10 години“- напиша Бил Гејтс на Reddit, одговарајќи им на корисниците на оваа мрежа.

Тој и милијардерот Ворен Бафет остануваат оптимисти кога се работи за американската економија. Во есеј за американскиот магазин Time напиша дека пред САД се години на економски раст и дека децата кои сега растат ќе живеат подолго и посреќно од нивните родители.

„Немојте премногу да се фокусирате на пазарот. Доколку пробувате да купите акции кога цената е ниска и да ги продадете кога цената ќе се покачи, нема да остварите добри резултати. Ако не сте подготвени да поседувате нешто повеќе од 10 години, зошто мислите дека е добро да го поседувате 10 минути?“- смета Бафет.

Познатиот американски бизнисмен смета дека купувањето и задржувањето на квалитетни акции е најдобрата инвестиција.