Економија 23. јули 2020. / 14:55

Биг Мама пеела на свадба во Тетово, инспекторите го пломбираа ресторанот

Биг Мама пеела на свадба во Тетово, инспекторите го пломбираа ресторанот

Државниот пазарен инспекторат го пломбирал ресторанот „Елита” во Тетово каде ноќеска имало свадба на која гостите ги забавувала пејачката Биг Мама.

Информацијата за ,,Слободен печат” ја потврди директорот Стојко Пауновски, кој рече дека инспекторите до доцна во ноќта постапувале на терен во ресторанот кој се наоѓа во близина на тетовската пожарна.

За настанот тие составиле и записник зашто организаторот спротивно на протоколот издаден од Комисијата за заразни болести организирал собир за што ќе биде поднесена и пријава.