Економија 20. јули 2020. / 13:09

Безините поевтини за 1,5 денари

Безините поевтини за 1,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 13.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 13.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50
ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,370 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 13.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 26,215 ден/кг.