Вицепремиерката Мила Царовска многу е зафатена со изборни активности па затоа нема време да се посвети на странските компании, изјави министерот за економија Крешник Бектеши откако Царовска ја префрли топката во неговото министерство за тоа кој е крив што странските компании наместо поевтини, ќе плаќаат поскапи царини за производите.
Бектеши и порача на Царовска дека треба да ги знае процедурите во економскиот дел, затоа што таа вицепремиер за економски прашања. Како што истакна Бектеши, секој што работи на висока функција треба да ги знаат процедурите.
Инаку, изминатиот период беше карактеристичен со тоа што Царовска за време на епидемијата многу ретко се појавуваше во јавноста кога имаше потреба да се зборува за економијата и за мерките што треба да се преземат за помош на стопанството, но сега, откако почна изборната кампања, секој ден посетува фирми во својство на вицепремиер.
Претходно, и министерката за финансии се правдаше дека компаниите не доставиле барање на време, па затоа не им излегле во пресрет.