Министерот за економија, Крешник Бектеши, не верува дека враќањето на дијаспората го зголемува бројот на невработени, ниту досега, како што рече, имал прилика да види такви анализи.
Тој со ова индиректно одговори на министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, која во инрервју за Радио слободна Европа рече дека наши сограѓани од странство се вратиле вои земјата за да ги искористат ваучерите од 6.000 денари.
„Секако дека имало многу наши сограѓани кои биле дел од сивата економија и во време кога се правеше регистрацијата во Агенцијата за вработување ја користеа можноста да се пријават и сега одат да добијат државна помош или гарантирана минимална помош и додатоци. Но, не сум видел таква анализи дека нашите сограѓани кои живеат надвор го зголемуваат бројот на невработени. Од почетокот на пандемијата биле изгубени околу 15 000 работни места, рече Бектеши, повикувајќи се на податоците од Агенцијата за вработување.