Бектеши во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 дебатира со Азири од Алијанса за Албанците и Менди Ќира од СКСЗМ за 5-тиот пакет економски мерки на Владата.
Азири од Алијанса за Албанците вели дека Владата помогнала со околу 1,2 милијарди евра, но поголемиот дел од тие средства вели дека се земени како кредит и на крај граѓаните ќе треба повторно да ги вратат, а ефектот од мерките не е значителен.
На ова реагираше Министерот за економија, Крешник Бектеши кој вели дека Владата со сите мерки досега придонела да се задржи ликвидноста на компаниите и дека со субвенциите за плати се задржани работните места.
Бектеши вели дека во петиот пакет мерки наместо исплата на плати ќе има бескаматни кредити со 12 месеци грејс период и 3 години рок на исплата преку МБПР.
Со петиот пакет ќе има помош за сите. Ќе се помогне на компаниите за да ги зачуваат работните места, ќе се помогне на медиумите, на тутунарите, угостителството, итн.