Економија 31. август 2019. / 21:56

Бектеши најави зголемување на минималната плата од октомври

Бектеши најави зголемување на минималната плата од октомври

Министерот за економија, Крешник Бектеши, за ТВ21, ја сооптшти одлуката на Владата за зголемување на минималната плата од октомври на 15.500 денари, како и тоа дека се работи на посебен закон за зголемување на платите во приватниот сектор, при што државата ќе ги покрие трошоците за придонесите.

– Наскоро се очекува пораст на минималната плата во земјата, врз основа на економскиот раст кој го имавме во текот на годината, истовремено и зголемувањето на индустриското производство. Сметаме дека има простор за значителен раст на минималната плата, но како Влада работиме на посебен закон за зголемување на платите во приватниот сектор каде државата ќе ги покрие придонесите. Паралелно работиме на два нови проекти. – изјави Бектеши.

Премиерот Заев вчера во Собрание истакна дека владините економски политики даваат резултат, приходите од придонесите не биле никогаш повисоки и дека парите се враќаат кај граѓаните. Тој изјави дека сите ефективни мерки се видливи за јавноста и повтори дека имаме раст на БДП од 4.1%, невработеноста се намалила за 5% и изнесува 17.8%.

И поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, владината одлука ја оцени како позитивна, но додаде дека повеќе е потребно пораст на платите од социјалниот карактер кој има поголема предност отколку зголемувањето на минималната плата.