Економија 16. декември 2020. / 16:09

Бектеши на средба со Тицињски: Економска соработка помеѓу Македонија и Полска

Бектеши на средба со Тицињски: Економска соработка помеѓу Македонија и Полска

Министерот за економија Крешник Бектеши, денеска на средбата со амбасадорот на Република Полска Војциех Тицињски, потенцираше дека Полска е важен трговски партнер за државава и се наоѓа на 14-то место на листата на земји со кои Република Македонија остварува најголем обем на трговска размена од околу 300 милиони евра.

Како што информираат од министерството за економија, на средбата акцентот бил ставен на економската соработка помеѓу двете земји и можностите за унапредување.

Во соопштението се вели дека полскиот министер потенцирал оти во изминатите години бил забележан континуиран раст на бројот на полски туристи во Македонија и оти очекува оти овој тренд да продолжи.

Министерството информира дека се разговарало околу зголемувањето на трговската размена по завршување на пандемијата.

Министерот Бектеши и амбасадорот Тицињски се согласиле да ја продолжат комуникацијата во насока на подобрување на економските релации и изнаоѓање на најсоодветни решенија за економски развој на двете држави.

-На средбата полскиот министер се осврна и на нивната поддршка за започнување на пристапните преговори со Европската Унија како и за реформите потребни за целосно интегрирање на нашата земја во Европската Унија, се наведува во соопштението од министерството