Економија 11. март 2021. / 09:33

Бектеши денеска во работна посета на угостителски објекти во кумановскиот регион

Бектеши денеска во работна посета на угостителски објекти во кумановскиот регион

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе претстојува во работна посета на кумановскиот регион каде ќе посети неколку производствени капацитети и угостителски објекти.

Овие фирми се директно поддржани преку мерките и програмите на Министерството за економија за реализација на нивните инвестиции и за справување со последиците предизвикани од пандемијата.

На средбите, министерот Бектеши ќе информира и за јавните повици за финансиска поддршка на компаниите во рамки на програмите на Министерството.

Заедно со министерот Бектеши, во посета на кумановскиот регион ќе биде и пратеникот во Собранието, Арбер Адеми.