Храна има доволно, но трговците да ги почитуваа владините одлуки за цените, апелира министерот Бектеши.
Ги повика фирмите да не ја користат состојбата за да книжат профити. Посочи дека откако ќе заврши кризата со пандемија сите ќе бидат исконтролирани и ако се увиди дека некој не ги почитувал одлуките ќе биде казнет.
Бектеши уверува дека има доволно храна и тоа не само за сега туку и за слендите месеци. За да им се помогне на туристичките агенции, тие ќе добијат ваучери за да ги обештетат граѓаните кои ги откажале аранжманите. Се укинуваат царините за 13 медицински производи, а се работи на тоа да се намалат царините и за прехрамбените производи.