Економија 20. ноември 2020. / 20:27

Беџети: Не е време за продавање на државни јавни претпријатија

Беџети: Не е време за продавање на државни јавни претпријатија

Буџетот за 2021 година може да биде успешно реализиран само доколку се следат проекциите направени во делот на фискалната политика, вели Академик Абдулменаф Беџети. Предупредува дека рецесијата од претходната година ќе има одредени негативни последици врз буџетските приходи, објави 21ТВ.

-Буџетските приходи се дури 2 проценти пониско од тоа што биле предвидени во претходната година. Рецесијата во претходна година ќе има одредени импакти врз буџетските приходи. …Буџетот е прилично рационален и реален…Може да бидеме оптимисти, рече Беџети.

Оптимистичките очекувања влеваат надеж и инспиративно повеќе влијаат на економските агенти….
И вицепремиерот за економски прашања вчера потенцираше дека државата има потреба од повисоки стапки на економски раст. Тој ги образложи проекциите за идниот Буџет.

За економски активности за 2021 година се предвидени 70,2 милијарди денари, што кога ќе се земат предвид другите групи на расходи ќе биде втор најголем износ по социјалните трансфери. Тоа значи дека многу надеж полагаме во економијата и дека вистински ќе ја поддржиме, рече Битиќи.

Битиќи напомена дека државата планира да инвестира една четвртина од Буџетот во економијата. Со 150 милиони евра ќе се поттикнуваат новите инвестиции,но и отворањето на нови работни места.

Дали Владата ќе ја полни државната каса преку продажба на државно земјиште и преку најавените продажби на одредени непрофитни јавни претпријатија. Академик Беџети советува не е плодно време за тоа.

Не мислам дека владата таа намера ја најави со цел за фискални придобивки,затоа што не е баш плодно време во период на криза да продавате такви асети . Но причината за тоа е лошото управување и лошиот менаџмент во тие ЈП во државна сопственост и тоа треба да се прави доколку постојат оптимални услови ….Значи не по секоја цена и не за создавање времено и за покривање дупки во Буџетот …, рече Беџети.

Дали ќе бидат потребни нови задолжувања и дали тоа ќе удри врз грбот на граѓаните, Беџети одговара дека зачудувачки е што меѓународните институции посебно ММФ поттикнува поекспанзивни фискални политики. Извори на финансирање за наредната година има истакнува Академик Беџети.