Родното место на Карл Маркс, германскиот град Трир, испечати банкнота во апоени од нула евра со неговиот лик по повод обележувањето на 200-годишнината од раѓањето. Банкнотата брзо стана хит меѓу туристите.
За помалку од еден месец се продадени 5.000 банкноти, истакнуваат од локалната туристичка организација во тој град, а цената на овој сувенир, за кој никој не очекуваше дека ќе биде толку популарен, изнесува 3 евра. Досега колекционерите и туристите купиле повеќе од 100.000 банкноти со ликот на Маркс. Инаку, оваа банкнота има и воден жиг, метална лента, печатена е на посебна хартија и генерално ги има сите карактеристики на банкнота.
Градот Трир оваа година е преполн со сувенири што потсетуваат на големиот син на тој град, Карл Маркс, а секаде може да се купат сувенири: шолји, пенкала и постери, крпчиња за чистење очила, мали музички кутии и магнети.
Издавач на банкнотата не е Европската централна банка, туку компанија која се занимава со туристички маркетинг во Трир.