Централно-европскиот договор за слободна трговија, познат како ЦЕФТА е мртов. Голема трагедија со балканските земји е што не знаат да ги искористат предностите коишто ги имаат со него. Ваква е оценката на претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, коментирајќи ги последните трговски тензии меѓу Косово, Србија и Босна и Херцеговина.
-Осум посто имаме пад во размената изминатиот период и тоа е доволен индикатор дека тој договор е мртов. Тоа треба само да се констатира. Тоа значи дека ако ви кажам податок дека размената во идната година со Германија ќе достигне преку 4 милијарди, а првиот наш сосед има 300 милиони размена, сè сум ви кажал…, изјави Азески.