Економија 26. декември 2020. / 21:00

Азески: Ако нема владеење на правото, нема ни раст на бизнисот

Азески: Ако нема владеење на правото, нема ни раст на бизнисот
фото МИА

Владеењето на правото е клучно, а попис мора да направиме вели претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески во интервју за МИА.

Азески порачува  дека кризата нема да заврши брзо, ниту се знае колку ќе трае, а и никој засега не може да предвиди.

Но, ако нема владеење на правото, нема ни раст на бизнисот. Ние сме заинтересирани за апсолутно стабилизирање на државата, посебно на правосудниот систем. Иако имаше некои реформи, не сме задоволни како тоа функционира во пракса зашто има случаи што се влечкаат со години, а за тоа се ангажираат средства, камати. Мислам дека влегувањето во НАТО и какво-таквото придвижување кон ЕУ не става на колосек од кој не можеме да одиме лево или десно, мора да движиме право како што налага пругата. Што поскоро одиме во тој правец, полесно ќе ги решаваме и проблемите, вели Азески.

Генерално, трпи целото стопанството, но дејностите поврзани со движење (туризмот, угостителството, транспортот, сообраќајот), ќе бидат најпогодени. Од друга страна, без мерки за нивно ограничување, не е можно да се справиме со кризата. Тоа е она што велевме на почетокот – да се спуштиме на некој вид хибернација, да преживуваме одреден период за да направиме скок. Тука се потребни парите кои државата ги донира, а ќе треба да се вратат. Тоа е општа формула применета секаде и тука нема дилема, потенцира тој.

Во продолжение следува целото интервју со претседателот на Стопанска комора на Македонија Бранко Азески.