Економија 07. јули 2018. / 21:13

Автомобилскиот гигант „Мазда“ повлече 270.000 возила

Автомобилскиот гигант „Мазда“ повлече 270.000 возила

Јапонскиот производител на автомобили „Мазда“ повлече речиси 270.000 возила откако било утврдено дека постои опасност воздушните перничиња да експлодираат.

Хемикалиите, кои служат за надувување на воздушните перничиња под одредени околности, може да создадат многу поголем притисок од предвидениот и да предизвикаат експлозија на металниот канистер во кој се наоѓаат.

Шрапнелите кои би се разлетале во тој момент би можеле да предизвикаат смрт.

Спорните воздушни перничиња „Таката“ се вградени во моделот „мазда 6“ од 2003 до 2008 година, „маздаспид 6“ од 2006 до 2007 година и во моделот „МПВ“ од 2004 година.