Агенцијата за управување со одземен имот ги стокми решенијата и во секој момент треба да почне префрлувањето на имотот на бизнисменот Сеад Кочан на државата. 23 имоти се чисти и подготвени за конфискација, а три се под залог, вели директорот на Агенцијата Фатон Асани, пренесува 24.мк .
Поскапите камиони од Трансмет се исто така под залог и тие најверојатно ќе завршат кај банките.
– Изготвени се 26 решенија за префрлање на недвижности, станови, земјиште, деловен простор… од име на Трансмет односно Сеат Кочан на Агенцијата. Од нив три се во залог, а другите 23 се чисти и во соработка со државниот катастар ќе бидат препишани на име на Агенцијата за управување со одземен имот. Исто така, има и 204 возила, за кои сега се проверува дали се дадени под залог – изјави Фатон Асани- директор на Агенција за управување со одземен имот за 24.мк.
Според правосилната пресуда, треба да биде конфискуван имот во вредност околу 17 милиони евра, толку колку што изнесува штетата направена врз буџетот, кога Конзорциумот на Трансмет и Силекс неметали го добиле тендерот за ископ на јаглен од РЕК Битола.
Во меѓувреме Кочан е во една приватна болница во која заврши како итен случај вечерта пред судот да ја донесе конечната одлука и да го прати во затвор. Вчерашниот ден кој беше предвиден за сам да се јави на капија помина без Кочан зад решетки, а судијата за санкции сеуште не одлучил по неговото ново барање за одложување на казната. Се испитува дали му е издржана лекарската документација.
Целиот текст можете да го погледнете ТУКА.