Економија 11. јуни 2020. / 22:00

Арсовска: Не може третиот пакет мерки да се нарече пакет за опоравување

Арсовска: Не може третиот пакет мерки да се нарече пакет за опоравување

Данела Арсовска, претседател на Сојузот на Стопански комори на Македонија, денеска во „Само вистина“ во Канал 5 телевизија во однос на третиот сет на мерките од страна на владата, истакна дека не може да се согласи со министерката Нина Ангеловска затоа што реалниот сектор со овој трет сет мерки не може да се каже дека се опоравува, кога истиот е во фаза на преживување.

-Сојузот на Стопански комори бараше дел од мерките, односно финансиската помош за работадавачите да се продолжи уште два месеци, истото беше скромно барање и требаше да се исполни од страна на владата, како и тоа дека не можеме да се согласиме дека овој трет пакет на мерки сега може да се нарече пакет за опоравување, кога се уште сме во фаза на преживување, критикуваше Арсовска.