Претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска преку статус на Фејсбук потенцира дека на нашата земја и е потребна безрезервна поддршка за спас на македонската економија проследена со квалитетна стратегија за справување со кризата.
– На приватниот сектор му е потребна предвидливост, плановите и одлуките за справување со состојбите и задржувањето на работни места претприемачите не ги носат од денес за утре.
-Затоа итно и навремено да се донесе одлука за продолжување на финансиската поддршка за јуни и јули, без комплицирани услови и постапки.
-Потребна е безрезервна поддршка, за спас на македонската економија проследена со квалитетна стратегија за справување со кризата, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.