Економија 02. ноември 2018. / 13:09

Археолозите се жалат дека им недостасуваат финансии, власта ги уверува дека пари има

Археолозите се жалат дека им недостасуваат финансии, власта ги уверува дека пари има

Археолозите во Македонија се жалат дека немаат пари да ги купат најсовремените технолошките достигнувања коишто се применуваат при истражувањата.

Од Владата велат дека Mинистерството за култура има доволно буџет, но тој во минатото бил трошен на непотребни проекти, а биле занемарувани суштински потреби на институциите.

Струмичкиот музеј го организира петтиот меѓународен научен симпозиум на којшто учествуваат триесетина археолози од повеќе европски земји. Темата годинава е „Култ, мит, религија“.