Новоизбраниот гувернер на Народната банка Анита Ангеловска – Бежоска и официјално во Собранието даде заклетва за новата функцијата. Примопредавањето ќе се изврши во Народната банка.
Taa беше избрана вчера од Собранието со 81 глас, а воздржани и против немаше.
Ангеловска-Бежоска е петти гувернер и прва жена на оваа позиција. Доаѓа од вицегувернерското место во Банката, на кое беше реизбрана лани во септември.
Претседателот Иванов ја предложи за прв човек на Народната банка, откако претходно предложениот Димитар Богов се повлече од кандидатирата, под влијание на реакциите и роковите за избор на гувернер. Ангеловска-Бежоска осум години беше на функцијата вицегувернер во НБРМ задолжена за областите монетарна политика, истражување и статистика.