Економија 16. September 2018. / 14:41

Анѓушев: Владата превзема мерки за преквалификација на одреден работници согласно пазарот на труд

Анѓушев: Владата превзема мерки за преквалификација на одреден работници согласно пазарот на труд

Нова мерка „Шанса за сите“ која опфаќа преквалификација на невработените лица во согласност со потребите на стопанството предложија денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Мерката, која треба да биде дел од Оперативниот план за вработување за 2019 година на Владата, беше образложена на информативната сесија на која присуствуваа и првите луѓе на стопанските комори, бизнис асоцијациите и други организации.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев појасни дека идејата е да се надмине еден од најголемите проблеми што ги имаат стопанствениците со недостатокот на кадар, а од друга страна да им се помогне на невработени лица со тоа што ќе им биде понудена шестмесечна преквалификација која ќе биде поддржана од државата.

Анѓушев кажа дека потребно е да се прилагоди образованието на потребите на стопанството и посочи дека во одредени општини во Македонија има диспропорција на образованието на невработените со потребите на компаниите. Како пример посочи дека во една од општините има 12 невработени дипломирани географија или историја, а едно училиште каде е потребен само еден наставник. Јасно, е вели тој, дека другите 11 лица нема да се вработат во догледен период и дека треба да им помогнеме да се преквалификуваат и својата среќа да ја најдат во Република Македонија.