Економија 31. декември 2019. / 12:27

Ангеловска-Бежоска: Народната банка ќе даде максимален влог за просперитетот на македонската економија

Ангеловска-Бежоска: Народната банка ќе даде максимален влог за просперитетот на македонската економија

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска упати честитка по повод Новата година во која посакува успеси, совладани предизвици и нови перспективи.

Во име на тимот на Народната банка и во мое име ви ја честитам Новата 2020 година. Нека ни биде година на успеси, совладани предизвици и нови перспективи. Како централна банка, ние и натаму ќе го даваме нашиот максимален влог за просперитетот на македонската економија – ќе спроведуваме соодветна монетарна политика и ќе ги одржуваме макроекономската и финансиската стабилност. Но, во исто време, ќе бидеме посветени и на низа нови проекти со коишто не само што ќе го унапредуваме нашето работење, туку и ќе придонесеме за создавање нови придобивки за секој граѓанин и за општеството во целина, се наведува во честитката.

Ако сите го дадеме сопствениот максимум во остварувањето на целите и задачите коишто ги имаме, напредокот и благосостојбата ќе бидат неизбежни. Посакувам да нѐ служи добро здравје и среќа за да успееме во тоа.  Нека ни се исполнат желбите коишто силно и искрено ги посакуваме! Меѓу нив и нашата заедничка желба за натамошен економски развој и поквалитетен живот, истакнува гувернерката во честитката.