ЕУ како политичка конструкција е во состојба на константно распаѓање. Ова се забележува поради само една причина: нејзиниот основен принцип е дека државата е супериорна во однос на нејзиниот народ. Системот на владеење може да издржи на подолг рок, единствено доколку државите се слуги (сервис) на народот, а не негов господар. Притоа, комлетно е ирелевантен фактот дека постои демократски изборен систем, кога Брисел има арбитрарно право таквите резултати да не ги почитува.
Извршната власт на ЕУ во Брисел е се почесто во конфликт со легитимните влади на националните држави. Од тие причини, во типичен комунистички манир, ЕУ повикува на колективизам со цел рушење на легитимните Влади, како и побожно верување во нивните статистики. Единствената разлика меѓу денешниов комунизам на ЕУ, и оној стариот на СССР, е што оној претходниот имаше планирано да владее со целиот свет, додека Брисел е на пат да владее со Европа.
Методите за задоволување на нивните цели исто се разликуваат. Маркс се залагаше за ширење на граѓански војни во што повеќе држави, со цел да го уништи капитализмот и парламентрната демократија, додека Брисел постепено презема овластувања што ги маргинализираат демократски избраните парламенти и влади. Но и двата на свој начин подразбираат помалку демократија, повеќе моќ во рацете на политичките елити. Споредбата со марксизмот е непријатно потсетување дека и ЕУ има ограничен живот, односно нејзиното постоење допрва ќе биде поставувано, а нејзиниот распад сосема оправдано се повеќе посакуван. Слично како и СССР во времето на Перестројката, Брисел е денес заглавен во неуспешно економско и политичко реформирање, на кое ниту му се гледа крајот, ниту пак некој го знае неговото времетраење и конечни резултати.
Растурањето на било кој сојуз, сепак не е така лесно
ЕУ нема механизам за компромис или адаптација. Грчката побуна беше изгазена, Британците гласаа за Брексит, но преговорите за излез од ЕУ се во ќор-сокак, додека пак Италија се повеќе се труди да не биде следниот „Хотел Калифорнија“ за неконтролиран прилив на имигранти. Рака на срце, освен Брисел, и италијаните прават непростливи грешки. Бунтовничките ликови кои формираа коалициска Влада сакаат да останат во ЕУ, но бараат да излезат од еврото, што е апсурдно. Тоа е така бидејки италијаните се плашат да направат реформи, па решени се вината да ја префрлат на Брисел.
Но од страв да го критикуваат Брисел, се што прави италијанскава влада, е всушност молење за простување на дел до долговите. Е сега, Брисел јавно кажа дека Грција со финансиската помош ќе биде преседан. И истото не важи за Италија. Ако Грците добија споро опоравување, италијаните нема да добијат буквално НИШТО!
Економскиот аргумент, дека Италија ќе била подобра со сопствената валута, е лудост. Со историја на слаби неодговорни влади, многу е подобро валута да биде надвор од контролата на Италија. Сепак, Кејнезиските коментатори се симпатизерни на аргументот за слаба валута, верувајќи дека еврото е изградено за доброто на Германија, односно дека е неадекватно за приликите во Италија. Италија, заедно со останатите членови на Медитеранот, се вели дека ја плаќа цената. Ова толкување на монетарната ситуација доведува до појава на финансиски балони, односно неодржлив економски раст, чие што пукање понатаму доведува до многу осериозни последици. Свесно се игнорира фактот дека Италијанското задолжување е успорено по прифаќањето на Еврото, бидејки Италијаните позајмуваат по каматана стапка приближна до Германија, а не приближна до медитеранските земји како што тоа било одсекогаш. Само има една огромна разлика во намената на позајмените средства: Додека Германија се задолжуваше со цел да му продаде на светот што повеќе производи, Италија и Грција се задолжуваа плаќајки обемни и неисплатливи социјални пакети.
Италија е ставена во менгеме. Од една страна немаат ниту намера, ниту храброст да воведат реформи и создадат стопанство кое ќе ги освојува меѓународните пазари, но од друга страна не се ниту комотни во односите со Брисел, од чии фондови зависи се поголем дел од италијанската социјална политика. Италија е во ситуација да неможе ниту да ја напушти ЕУ, ниту пак може да се надева на некаков позначаен економски раст.
Несолвентноста на банките во ЕУ станува се помасовна
Италијанското повлекување од еврото би било фатално за банкарскиот систем и на Италија, и на ЕУ, по најмалку пет точки:
- Поддршката од ЕЦБ за италијанските банки би била повлечена, што би довело до домино ефект од неуспеси на италијанските банки, прво поради влошувањето на заемите од остатокот на светот, и второ поради зголемената камата на италијанските државни обврзници.
- Проблеми за банките ќе се појават кога минатите кредити остануваат деноминирани во евра, додека нивните биланси се пренесуваат во нова, слабеечка валута.
- Италијанските банки немаат маргини за да ги надминат нерамнотежаните биланси, чии средства се деноминирани во опаѓачка валута во однос на валутата на нивните обврски. Ќе има наплив на жители во другите земји од еврозоната за да се намалат и да се елиминираат нивните италијански обврски, што претставува банкарска стапка во однос на целата земја.
- Единственото политичко решение би било да се наметнат драконски контроли на капиталот помеѓу Италија и остатокот од светот, вклучувајќи ги и другите земји-членки на ЕУ, но тоа ќе воведе до намалување на трговската размена на Италија со целиот свет.
- И на крај, постои закана за ЕЦБ и самиот евро-систем.
ЕЦБ купува големи количини италијански обврзници, ефикасно финансирајќи го прекумерното трошење на италијанската влада, при приноси кои се смешно ниски. Всушност, ЕЦБ се стави во невозможна положба, а како што ситуацијата во Италија се влошува, дебатата околу судбината на нееднаквостите на TARGET2 обврзувачки мора да се интензивира. Во табелата подолу, прикажани се билансите на крајот на март.
Додека евро-системот е заеднички, постои лажно уверување дека ваквите нерамнотежи се неважни. Меѓутоа, со италијанската централна банка задолжена во системот во висина од 447 милијарди евра, како овие нерамнотежи ќе се решаваат на италијанскиот излез од еврото без колапс на системот?… е интересно прашање. И вреди да се напомене дека централната банка на Шпанија исто така е во дупка за 390 милијарди евра, додека само Каталонците и Баскијците зборуваат за негово напуштање.
Нето побарувањата на Бундесбанк изнесуваат 896 милијарди евра, за што особено е нервозна Италија. ЕЦБ исто така, должи 235 милијарди евра за сите национални централни банки. Кога ЕЦБ ќе го купи италијанскиот државен долг, Банка d’Italia дејствува во нејзино име. Италијанските обврзници се чуваат во Банка d’Italia, а парите ги побарува таа самата. До степен до кој ЕЦБ ќе ги купи италијанските обврзници, севкупното негативно салдо во Банка д’Италија е намалено, така што нејзиниот дефицит кај другите национални банки во системот всушност е поголем од прикажаниот 447 милијарди евра, од износот што го должи кон ЕЦБ.
Накусо, тешко е да се види како Италија може да го напушти еврото, без ЕЦБ формално да ги гарантира за сите дефицити на TARGET2. Тоа не е невозможно иако гаранциите се веќе издадени. Но ЕЦБ несака никој да се сомнева во нејзината или сопствената солвентност, па за ваквото уверување да може да се одржи, се се сведува на политички ветувања и закани за евентуалните напуштања. Со тоа системот се одржува во живот, но со многу притисоци, лажни или некомплетни статистики, како и со закани кон непослупните членки.
Што се однесува до Брисел и Франкфурт (домот на ЕЦБ), тие секогаш се во право. Европскиот проект и еврото се поважни од поединечните земји-членки, а нивните електорати немаат кажано ништо во врска со ова прашање. ЕУ едноставно функционира на ваков начин, она што некогашните комунистите го правеле со гулазите и пендраците, тоа Унијата денес го прави со монетарната политика, која ниту можете да ја промените, ниту смеете да помислите на било какво напуштање, ниту можете да се надевате на побрз економски раст. Единствената причина поради која ЕУ сеуште постои, е ваквиот синџир врзан околу нозете на сите земји членки. Таквиот синџир се создаден намерно, од луѓето кои ниту веруваат во принципите на слободното општество, ниту им е грижа за иднината на целиот континент, ниту целата шема има некаква врска со капитализмот и слободниот пазар…туку напротив.
Во овој момент, едно е сигурно, исто како и стариот Советски Сојуз, политичкиот стисок на ЕУ останува цврст како и секогаш. Проблемот е што негирањето на слободните пазари, како и погрешното идеализирање на планската социјална држава ќе ја изедат ЕУ одвнатре. Евро-скептичниот инстинкт за напуштање на ЕУ и изградба на вистински слободен пазар, вон нејзините институции, е генерално добра идеа. Но неизвесноста при распадот на ЕУ е она што предизвикува страв, и ја држи ЕУ сеуште во живот. Но како и да е, следната светска криза, доколку биде пречекана со веќе познатите мерки на ЕЦБ, ќе доведе до страшни стопански и монетарни ломови, кои на крајот неминовно ќе завршат со крах на Еврото, а понатаму и ЕУ каква што денес постои, конечно ќе ја изгуби сопствената смисла.
Превземено од:
mises.org