Мултинационалната компанија „Теламон“ од САД денеска го потпиша договорот за реализација на својата инвестиција во Македонија која ќе достигне до 11 милиони евра. Ќе вработи 600 лица, а ќе произведува електрични кабли за автомобилската индусрија. Планира долгорочна соработка, а Македонија ја избрале помеѓу повеќе земји од Централна и Источан Европа за да го прошири своето производство од САД во Европа.
Компанијата првично ќе инвестира четири милиони евра со вработување на 300 лица, а долгорочниот план е инвестиција од 11 милиони евра и 600 вработување.
Директорот на „Теламон“ Том Пуза посочи дека до крајот на годината очекуваат да имаат 50 вработени, веќе се примени првите, а првите производи до потрошувачите да ги испорачаат до есен.
Тој вели дека како американска компанија почетокот на работа во Европа е голем предизвик и оти е значајна помошта што ја добиваат тука. Целта на компанијата, вели, е сеопфатна и има за цел да има позитивно влијание врз сите засегнати страни и исто така е заинтересиран за долгорочна соработка.
– Во нашето патување за да ги задоволиме барањата на нашите потрошувачи направи блиско истражување на различни земји во Централна и Источна Европа. Избравме неколку за да ги посетиме вклучувајќи ја и Македонија и навистина бевме пријатно изненадени од она што не пречека. Наидовме на група љубезни луѓе кои беа заинтересирани за развојот на земјата и активно да учествуваат во бизнисот, рече Пуза.
Компанијата работи во Мексико, Кина и САД каде има претставништва на девет локации. Ова е прва фабрика во Европа.