Економија 04. октомври 2019. / 15:48

Американската економија креираше 136.000 нови работни места во септември

Американската економија креираше  136.000 нови работни места во септември

Во септември, вработеноста во САД стабилно се зголеми со  136,000 нови работни места, додека стапката на невработеност изненадувачки падна на ниво од 3,5%.

Овие податоци потврдуваат  мал застој на создавање работни места во услови на трговска војна меѓу САД и Кина и слабеење на глобалната економија.

Сепак, невработеноста во САД опадна изненадувачки од 3,7% на 3,5%, достигнувајќи ново скоро 50-годишно ниво (најниска невработеност од декември 1969 година).

Бројот на вработени во образованието и здравствените услуги е зголемен за 40.000, додека во индустријата се намалени 2.000 нови работни места

Просечната  плата во САД  изнесува  28,09 долари на час.