Економија 25. септември 2018. / 14:54

Албанија ќе се задолжи со евроoбврзница од 500 милиони евра

Албанија ќе се задолжи со евроoбврзница од 500 милиони евра

Албанската Влада издаде еврообврзница на меѓународниот пазар со што ќе ја задолжи државата за 500 милиони евра.

Јавното наддавање ќе се одржи идната недела, а парите ќе се користат за финансирање на буџетот и за рефинансирање на стари долгови. Рокот на достасување на еврообврзницата ќе биде пет години но колкава ќе биде каматната стапка не се наведува.

– Ова не подразбира понатамишно зголемување на надворешниот долг, туку е во рамките на стратегијата за менаџирање на доспеани долгови. Задолжувањето ќе биде со поволна камата и ќе го олесни кредитирањето на домашниот бизнис, изјави министерот за економија Арбен Ахметај.

Tретпат Албанија се задолжува со еврообврзница. Првпат во 2010 година кога позајми 300 милиони евра и вторпат во 2015 година кога Албанија со еврообврзница позајми 450 милиони евра со камата од 5,75 проценти, а кој треба да се подмири во 2020 година.