Економија 06. февруари 2018. / 02:28

Агенцијата Fitch го подобри изгледот на Македонија од негативен во позитивен

Агенцијата Fitch го подобри изгледот на Македонија од негативен во позитивен

Aгенцијата Fitch соопшти дека го подобри изгледот на Македонија од негативен во позитивен, истовремено потврдувајќи го кредитниот рејтинг ББ. На подобрувањето на изгледот влијаеше политичката стабилизација и подобрувањето на клучните меѓународни односи.

Се наведува и напредокот на „Планот 3-6-9“ на Владата, резултатот на локалните избори како потврда на мандатот за реформи, како и активноста на СЈО околу прислушуваните разговори.

Според Fitch, дипломатските сигнали околу решавањето на спорот со името се позитивни и Македонија очекува позитивна препорака од Европската Комисија и почеток на преговорите во текот на 2018 година.