Економија 13. март 2019. / 20:22

Адеми се правдаше за скандалозното доделување пари за културните проекти

Адеми се правдаше за скандалозното доделување пари за културните проекти

Средствата за проекти од годишната програма министерот за култура Адеми тврди дека се доделени согласно законските критериуми. За апликациите одлучувале професионалци рече Адеми на првата надзорна расправа во собранието за културните политики и годишната програма на министерството, пренесе Сител.

– Оцените за квалитетот на проекти ги вршат стручни комисии. Сите претседатели и членови се истакнати стручни лица со долгогодишно искуство. Да нема судир на интереси. Да нагласам за ниту еден проект не го искористив моето дискреционо право да одлучам самостојно. – изјави министерот Асаф Адеми.

За пратениците од опоизицијата е нејасно како повеќе пари се доделиле на невладини отколку на национални установи за реализирање на годишни програми.

За власта е спорно зошто доцни предлог законот за јавен интерес во културата кој требало да биде доставен во собранието до декември.

Културните работници кои излегоа со остри реакци по скандалот со доделување на парите за проекти, на следната надзорна комисија ќе добијат можност да расправаат. Инаку министерството го објави новиот ревидиран извештај според кој, дел од апликантите добија средства по жалбата но не колку што побарале а на други пак им се намалени средствата од првично одобрените буџети.