Економија 27. ноември 2018. / 13:43

Адеми: Околу 3,1 милијарди денари за културата во 2019-та

Адеми: Околу 3,1 милијарди денари за културата во 2019-та

Предлог-буџетот на Министерството за култура за 2019 година изнесува 3,1 милијарди денари. Буџетот на самото Министерство изнесува 215,5 милиони денари, а буџетот за финансирање на дејностите од областа на културата изнесува 2,9 милијарди денари. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за култура Асаф Адеми.

– Над 92 осто од планираните средства од вкупниот буџет на Министерството за култура се предвидени за финансирање на дејностите од областа на културата, околу осум отсто се предвидени за трошоците на администрацијата на Министерството, рече Адеми.

Тој потенцира дека во Предлог-буџетот за следната година има зголемување на средствата во ставката разни трансфери, односно има директно зголемување за културните активности. Во 2018 година во оваа ставка биле одобрени 904 милиони денари, а во 2019 година се предвидени 936 милиони денари или 32 милиони денари поголем буџет од лани.

– Годинава 32 отсто од разделот дејности од областа на културата се предвидени директно за културни активности што претставува највисок процент и вредност споредбено со претходните години, рече Адеми.