Економија 15. ноември 2018. / 15:03

500.000 евра jапонска помош за набавка на медицинска опрема и реновирање

500.000 евра jапонска помош за набавка на медицинска опрема и реновирање

Министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда, и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, денеска посетија неколку здравствени установи, каде јапонската влада даде грант за зајакнување на капацитетите со опрема и реконструирање на јавните здравствени установи.

Покрај Клиниката за дигестивна хирургија, со програмата на јапонската влада „Грант – помош за поддршка на мали проекти за човекова безбедност“ се опфатени и Клиниката за гинекологија и акушерство и Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.

Речиси половина милион евра беа доделени на пет здравствени установи за набавка на медицинска опрема и реновирање. Со оваа голема донација ги подобруваме условите и ги зајакнуваме капацитетите во здравствените установи, онаму каде што е потребно“, посочи министерот Филипче.

Османи посочи и дека од осамостојувањето на нашата држава, Јапонија има обезбедено голема поддршка преку официјалната развојна помош во повеќе значајни сектори, клучни за постигнување на нашите реформски процеси и стратешки цели како здравство, образование, развој на локалните заедници во износ над 420 милиони евра.