Анализата на финансиските резултати на компаниите во државна сопственост што ја изработи Центарот за граѓански комуникации според податоците за 2017 година преземени од Централниот регистар покажува дека профит оствариле 86 државни фирми, додека загуба имало кај 36 државни претпријатија. Профитот изнесува 141 милиони евра додека загубите 30 милиони евра.
Нето ефектот е позитивен и изнесува 111 милиони евра, со кои може да се покријат 3% од државниот буџет. Компаниите во државна сопственост во текот на 2017 година инкасирале вкупно 791,4 милиони евра приходи од работењето, покажуваат податоците за вкупно 118 фирми од јавниот сектор анализирани во оваа база на податоци. Од нив, 66 работеле подобро од претходната 2016 година, односно ги зголемиле приходите, додека пак, 52 државни фирми ги намалиле приходите.