Несреќа утрово во рудникот Бучим – загина рудар

Рудар загинал утрово во рудникот „Бучим“ во Радовиш. Извори за „Република“ откриваат дека станува збор за маж околу 50 години. Итната помош и полицијата се на терен, a неофицијално рударот паднал од голема висина по што починал на лице место. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.