Спорт

Веројатен состав на Вардар, на средина со Најдовски или Исени?

Веројатен состав на Вардар, на средина со Најдовски или Исени?

Тренерот на Вардар Бобан Бабунски има две дилеми пред утрешниот натпревар. Првата е дали на средината на теренот да настапи со Бесир Исени или со Филип Најдовски. Еден од нив ќе го замени повредениот Јуфо и ќе треба да ја поврзува играта на Вардар заедно со Битанг и Мицевски. Другата дилема е Максимов или Лира. Лира се наметна уште на првиот “тест”, но, проблем е сеуште недоволната физичка подготвеност. Останува да видиме на кој напаѓач ќе му даде предност тренерот на Вардар.

Веројатен состав: Гачевски, Тошевски, Новак, Попов, Брдаровски, Битанг, Мицевски, Исени (Најдовски), Цветаноски, Барсегјан и Лира (Максимов).