Спорт

Венгер наскоро ќе седне на клупата на Милан

Венгер наскоро ќе седне на клупата на Милан

Повеќе француски медиуми во текот на вчерашниот ден јавија дека Милан е пред постигнување на договор со поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер. Во написите се тврди дека Арсен Венгер веќе со недели е во преговори со челниците на Милан и дека двете страни се многу блиску пред постигнување на конечен договор.

Тоа значи дека Венгер наскоро би можел да го замени Џенаро Гатузо на клупата на Милан, а од претходно е познато дека челниците и навивачите на клубот не се премногу задоволни од резултатите на „Росоњерите“ под водство на Гатузо.